EMG [ЕМГ] е водечки германски производител на системи за позиционирање и центрирање на лентата во производството на валани производи. Фирмата произведува и опрема за следење и обезбедување на квалитетот во континуираното металуршко производство. РЕЈА МП ДООЕЛ е застапник на компанијата и ги нуди следните производи:
- Оптички и индуктивни системи за центрирање
- Сензори, хидраулични агрегати и пропорционални вентили
- Мерни системи за автоматско одредување на механички параметри
- Системи за мерење на широчина
- Регулатори со потопен калем
EMG e основана на 22 јуни 1946 година како дел од групата AEG. Централата се наоѓа во Венден/Германија. Годишниот промет на групата elexis, дел од која е ЕMG, изнесува 171 млн. EUR.
Симнете ги брошурите со производи користејќи ги копчињата оддесно.
