
Производи за автоматизација Barksdale
Без разлика за која област или сектор станува збор, секоја автоматизација може да биде проследена со воведување, трансфер и интерпретација на сигнали. Barksdale [Барксдејл] ги проектира и произведува потребните компоненти и системи од стандардниот сензор до електронската контрола за секоја апликација.
Производи со квалитет на највисоко ниво
Ние ги разбираме проблемите и задачите кои стојат пред нашите клиенти и секогаш сме спремни да им помогнеме на корисниците со сите наши специјализирани знаења кои името Barksdale го претворија во синоним за компетентност и квалитет во областа на механичката и електронска контрола на течни и гасовити средини. Наша мисија и обврска е да проектираме испитани производи со висок степен на функционална безбедност во секојдневната употреба.
Дали во областа на механичкото или електронското мерење и контрола, производите Barksdale се карактеризираат со високо ниво на квалитет и надежност.
Сместена во Германија, фирмата Барксдејл повеќе од 30 години развива сеопфатни и ориентирани кон иднината решенија. Името на компанијата значи создавање на производи со докажан квалитет и високо ниво на функционална безбедност.
Ние располагаме со глобално структурирана трговска мрежа и можеме да понудиме совет во однос на нашите иновативни производи за мерење на притисок, ниво, проток и температура.
За повеќе информација видете ги нашите каталози на производи:
- Каталог на производи
- Производи за хидраулика
- Производи за бродоградба
- Производи за добивање на нафта и гас
- Индикатори за ниво во резервоари
- Прекинувачи на ниво
- Сонди за ниво
- Систем за мерење на нивото во резервоари
- Индикатори за ниво бајпас
- Производи за контрола на притисок
- Механички прекинувачи на притисок
- Производи за електронска контрола на температура
- Механички прекинувачи за температура
- Прекинувачи на проток
- Систем за мерење газењето на брод
