- Sofia  тел.контакти

почетна > екскаватори

GRADALL

GRADALL [Градал] е америчка компанија која во 1941 година за првпат создава целосно хидрауличен екскаватор. Денес машините GRADALL се познати како исклучително надежни помошници во специјализирани дејности и индустриски работни процеси - рушење, градба на системи за наводнување и дренажа, одржување и изградба на автопатишта и шински патишта, расчистување на урнатини после природни несреќи. Тие телескопски хидраулични екскаватори се незаменливи во металургијата, каде што се користат за чистење на канти, одржување на печки и во рударството, каде што чистат под транспортерите во вид на лента или копаат во рударски копови.

Реја МП ДООЕЛ е застапник на компанијата и ја нуди целата гама на производи на GRADALL:

  • Екскаватори за металургијата и рударството
  • Екскаватори за цивилното градежништво
  • Додатоци и помошни материјали

Од создавањето на компанијата во 1940 година во целиот свет се продадени преку 15000 телескопски екскаватори со лого GRADALL. Во производството на тие легендарни машини се ангажирани повеќе од 1000 работници. Централата на корпорацијата се наоѓа во Њу Филаделфија/Охајо (САД).


Телескопски хидраулични екскаватори

Достапните хидраулични екскаватори Gradall се единствени по својата мултифункционалност и заземаат водечко место во областа на индустриската и градежната техника. Благодарејќи на нивната извонредна подвижност и снага тие се исклучително погодни за примена во областа на градежништвото, индустријата, водоснабдувањето и канализацијата.

Хидраулични екскаватори Хидраулични екскаватори

Хидрауличните екскаватори со телескопска стрела со можност за свртување за 360°, со која располага само Gradall, се исклучително погодни за изведување на ископни работи и рушење, израмнување на земјишта и обликување на насипи.
Должината на стрелата може да достигне повеќе од 15 метри, во зависност од моделот, а нејзиниот низок профил на работа го овозможува вршењето на ремонтни работи под мостови и слични структури, каде што обичната стрела нема можност за пристап.

 
Индустриски машини Индустриски машини

Машините Gradall кои се користат во индустријата се проектирани за работа во металуршки фабрики и рудници. Уникатната телескопска стрела со можност за свртување за 360° овозможува изведба на работи во тешко пристапни места, а благодарение на вградената хидраулика машината автоматски се подесува за најпогодниот режим. Контролните уреди во кабината на ракувачот ја гарантираат долгорочната експлоатација на машините Gradall.


Можност за испорака на нови и рециклирани машини, со различни по вид и функции додатоци, врз основа на индивидуално барање и према потребите на клиентот. Сите тие ги поминале успешно тестирањата и практичните испитувања во фабриката-произведувач во работни услови и одговараат на светските стандарди за квалитет.



екскаватори Gradall екскаватори Gradall екскаватори Gradall

Чистење на тесни и
длабоки простори

Хидрауличен чекан

Чистење на канал

екскаватори Gradall екскаватори Gradall екскаватори Gradall

Одржување на металуршка
печка

Градежни работи

Отстранување на
патна подлога


Симнете ги брошурите со производи користејќи ги копчињата оддесно.