- Sofia  тел.контакти

почетна > филтри

Mahle


MAHLE [Маале] е водечки германски производител на филтри и опрема за филтрација.
РЕЈА МП ДООЕЛ ја нуди целата гама на производи за филтрација во индустријата која вклучува:

  • Резервни филтер елементи за сите марки филтри
  • Автоматски самочистечки филтри
  • Опрема за анализа и одржување на чистотата на хидраулични течности
  • Уреди за филтрирање на разладна течност во алатни машини
  • Филтри против прав и филтер елементи за нив
  • Филтри за чистење на индустриски компоненти
  • Сепаратори на вода
  • Коалесцентни филтри
  • Филтри за питка вода
  • Процесни филтри

Концернот MAHLE е создаден во 1920 година во Штутгарт. Фабриката за индустриски филтри во Еринген го стартува производството во 1962 година. Со 49262 вработени, во 2008 година групата реализира промет од 5,014 млрд. евра.

Хидраулични филтри MAHLE

Уште од 60-те години на 20 век MAHLE работи во областа на филтрацијата на хидраулични флуиди и масла. Исклучителното техничко искуство и одличниот квалитет на производите ја сврстуваат компанијата меѓу водечките светски производители на филтерски системи, опрема и додатоци за флуидните технологии.

Производниот програм вклучува и филтри за висок и низок притисок, двојни филтри, филтри за паралелен и повратен тек, вшмукувачки филтри, филтри тип одушник, високоефикасни филтер елементи според стандардните спецификации и според DIN 24550. MAHLE произведува и додатоци, сервисна и лабораториска опрема за хидраулични флуиди и масла.

Постојаниот развој на материјалите и технологиите обезбедува производи со најдобар квалитет коишто нудат оптимални економски и технички предности. Затоа, корисниците на мобилна и стационарна хидраулична опрема се определуваат за филтрите за индустриска употреба MAHLE.

Барања за хидрауличните филтри

Високоефективната филтрација е основна потребност за правилното функционирање на високочувствителните хидраулични системи. Механичките и течните нечистотии доведуваат до абразија, абење и корозија на компонентите и негативно влијаат на физичките и хемиски својства на хидрауличните флуиди. Нивната чистота се определува од ефективноста на филтер елементите. Бидејќи компонентите на хидрауличните системи стануваат се почувствителни на загадување, пропишаните класи на чистота треба стриктно да се почитуваат. Погодниот и високоефективен филтерски материјал е од посебно значење. Повеќеслојната конструкција на нашите филтер елементи ги прави прикладни за широка примена и овозможува високо ниво на задржување на загадувачите. Ефективноста на филтрација останува перманентна дури при зголемување на диференцијалниот притисок, при што во истото време е обезбедена заштита дури и при променливо оптоварување. Долгиот интервал за смена на филтер елементите во комбинација со ниска отпорност резултира со оптимална штедливост при користење. Индикаторите за загадување на филтер елементите го прават ракувањето едноставно и овозможуваат искористување на целосниот капацитет за апсорбирање на загадувањата.

Системска компетенција

Поради големиот обем на информација, факти и параметри поврзани со хидрауличните системи, оптималниот дизајн на еден филтер веќе е тешка задача од техничка и економска гледна точка. Ефективно решение може да најде само искусен стручњак.

Со своето долгогодишно искуство во флуидните технологии и како иновативен и надежен добавувач на врвните производители на хидраулични системи и опрема, MAHLE Industrial Filtration е Вашиот компетентен системски партнер во сите области поврзани со филтрацијата на хидраулични течности.

Докажаните и надежни хидраулични филтри од MAHLE обезбедуваат сигурна и економична работа на безброј машини и системи во целиот свет.

Фаќачи на прав

Долгогодишното искуство во производството на ѕвездесто плисирани филтер елементи е во основата на филтрите MAHLE кои се проектирани за многубројни и најразлични примени. Тие вклучуваат аспирација за пневматски транспорт, вентилација, филтри за млинови и миксери, централни системи за екстракција, филтри за екстракција во системи за пакување. Висококвалитетните филтерски материјали комбинирани со системите за прочистување се основа на нашите решенија за заштита од прав.

За сигурното отстранување на правот потребно е прецизно подесување на сите компоненти. Бидејќи својствата на правот се променливи и зависат од повеќе параметри како што се финоќа, волуменска тежина, склоност кон прилепување и натрупување, влага и др., тешко е тие да бидат теоретски одредени. Затоа, техничките експерименти и практичкото искуство на MAHLE се од клучно значење за изработувањето и тестирањето на функционални концепции за изградба на надежни системи за отпрашување.

Системите MAHLE за отстранување на прав се одликуваат со својот компактен дизајн, минимална потрошувачка на енергија, долг век на експлоатација и ниско ниво на бучавост. Фаќачот на прав не смее да зафаќа преголем простор, особено кога се работи за внатрешна монтажа. Со употребата на ѕвездесто плисирани филтер елементи широката филтерска површина може да биде сместена и во најтесни простории. Со цел подобрување на капацитетот и воздушната пропустливост стручњаците на MAHLE проектирале и конични филетр патрони.

Континуирано функционирање со автоматските филтри MAHLE

За да ја зачуваат својата конкурентност, компаниите треба да го искористат секој потенцијал за зголемување на својата продуктивност. Поради тоа производствените процеси се автоматизираат се повеќе и повеќе. Капацитетот на машината или фабриката треба во целост да се искористи. Непрекидната работа 24 часа во деноноќие е можна само ако се задоволени сите барања, вклучително и во однос на работните флуиди. Тие треба постојано да се третираат и регенерираат. Процесот на одржување не смее да го спречува работењето на претпријатието. Филтрирањето на течности, пасти и слични материјали со автоматски филтерски системи станува се попопуларно во индустријата, бидејќи обезбедува економично функционирање без прекин на работните процеси. Автоматските филтри MAHLE имаат мошне широк опсег на примена благодарение на предноста на континуирано функционирање кое ја елиминира потребата од дополнителни дејности во врска со опслужувањето и исфрлањето на филтер елементи и загадувачи.


Симнете ги брошурите со производи користејќи ги копчињата оддесно.