- Sofia  тел.контакти

почетна > разменувачи на топлина

UNIVERSAL HYDRAULIK

UNIVERSAL HYDRAULIK [Универсал Хидраулик] е реномиран производител на плочести, цевчести и воздушни разменувачи на топлина. Гамата на производи која ја нудиме ги вклучува следните компоненти:

  • Цилиндрични (shell-and-tube) ладилници вода/масло
  • Споени и модуларни плочести разменувачи на топлина
  • Воздушни ладилници

UNIVERSAL HYDRAULIK е формирана во 1983 година во Франкфурт / Мајна. Располага со три фабрики за производство на разменувачи на топлина. Персоналот на компанијата брои 55 лица.

Разменувачи на топлина вода/масло

EKM EKM

Цевчест пакет со алуминиумски ламели коишто обезбедуваат четири пати поголема површина на ладење во споредба со обичниот цевчест разменувач на топлина. Моќ на ладење 230 kW. Отпорност при висок работен притисок: max 35 bar. Подвижни капаци кои се затвораат и обезбедуваат брз пристап за чистење на цевките за вода. Дополнителна опција за вградување на внатрешен вентил за премостување (патентиран).
По барање на клиентот: опција за работа со морска вода.


ECM ECM

Цевчест пакет со алуминиумски ламели. Исклучително компактен разменувач на топлина, изработен врз основа на моделите од серијата ЕКМ, но за поширока примена.
Моќност на ладење: до 900 kW
Проток на маслото до: 1000 l/min
Максимален притисок: 20 bar


AM AM

Цевчест разменувач на топлина со мазни цевки и внатрешни бај-пас сегменти. Сличен на серијата СМ, но базиран на ITT стандард (Американски стандард).
100% заменлив со моделите од серијата BCF.
Погоден за апликации вода-вода.
По барање на клиентот: Опција за работа со морска вода.


UKTM UKTM

Цевчест пакет со алуминиумски ламели.
Исклучително компaкатен ладилник за монтажа во резервоар, разработен врз база на моделите од серијата ЕКМ, со многу добри техничеки карактеристики.
Проектиран е за внатрешна монтажа во резервоарот. Зазема малку простор и не бара голем цевен развод.


CM - SSCM CM - SSCM

Цевчест разменувач на топлина со мазни цевки и внатрешни бај-пас сегменти. Нудиме 106 модели, изработени од различен материјал. Например, моделот SSCM е изработен комплетно од нерѓосувачки челик.
Моќност на ладење: до 300 kW.
Проток на маслото: до 760 l/min
Максимален притисок: 20 bar.


АМ / FS АМ / FS

Разменувач на топлина со мазни цевки и внатрешни бај-пас сегменти, разработен врз база на моделите од серијата АМ. Двојните цевки не дозволуваат мешање на течностите и обезбедуваат заштита од прекумерен притисок и корозија.
Однапред наполнетиот клипен акумулатор ги компензира промените на волуменот на медиумот како резултат на температурни разлики и го одржува речиси постојан притисокот на медиумот во затворениот круг.


PWT PWT

Споен плочест разменувач на топлина од нерѓосувачки челик.
Компактен и економски поволен.
Притисок на маслото: до 30 bar
Проток на маслото: од 25 до 3000 l/min
Работна температура: од -100 до +195°С
Достапен е и пониклуван. Богата гама номинален дијаметар на приклучок, како и изолација од полиуретанска цврста пена PU.


TL TL

Плочест разменувач на топлина од нерѓосувачки челик со навојна врска. Плочите се наоѓаат во рамка и се поврзани меѓусебно со две дополнителни плочи за притискање. На овој начин тие можат брзо да бидат демонтирани, што овозможува едноставно ракување и чистење. Можност за проширување преку монтажа на дополнителни плочи.
Притисок на маслото: до 25 bar; Проток на маслото: од 25 до 3000 l/min.; Работна температура: од -40 до +170°С.


LKI / LKU LKI

Ладилник воздух/масло за примена во индустријата.
Богат избор на модели: од LKI 100 до LKI 1000.
Блок конструкција.
Максимален работен притисок: 26 bar
Начин на протекување: 1 правец / 2 правци.


KLM / LKHYD KLM / LKHYD

Ладилник воздух/масло – мобилна изведба.
По желба на клиентот се нудат и модели, различни од стандардните.
Статичен работен притисок: max 26 bar
Модел LKM - напојување 12V и 24V.
Модел LKHYD се нуди со хидрауличен погон.


АОСМ АОСМ

Ладилник воздух/масло за индустриски и мобилни апликации. Алуминиумски ламели со бакарни цевки.
Моќност на ладење до 75 kW при работна температура 40°С. Проток на маслото до 675 л/мин.
Дополнително се нуди вентил за премостување. Заменлива влошка за воздушен филтер.



Филтерски системи за ладење

TFS / A TFS / A

Компактен агрегат за ладење на паралелен тек. Системот се состои од пумпа, електромотор и ладилник воздух/масло. Работи одвоено и независно од основната опрема. Пумпата е директно споена со електромоторот преку прирабник.
Исклучително ниско ниво на бучавост благодарение на двојната запчеста пумпа со внатрешна спојка. Можност за различна монтажна положба. Достапни се во три типски димензии.


TFS - 1 TFS - 1

Компактен агрегат за ладење на паралелен тек. За разлика од TFS/A, тука вентилаторот ја издувува топлината во насока нагоре.
Куќиштето дополнително го намалува нивото на бучавост.
По желба на клиентот се вградуваат воздушен и маслен филтер.
Достапна во четири различни типски димензии.


KFS KFS

Компактен агрегат за ладење на паралелен тек.
Системот се состои од пумпа, електромотор, филтер и разменувач на топлина вода/масло (EKM или PWT).
Континуираното паралелно ладење на работниот флуид ја зголемува eфективната и сигурна работа на хидрауличните системи.


Специјални разработки Специјални разработки

Индивидуални разработки по барање на клиентот како агрегати за ладење во паралелно коло (50-100kW).
Дополнителна опција за хидраулични компоненти како филтри, вентил за регулација на вода, контрола на температурата. За уште подобро ладење може да се обединат неколку разменувачи на топлина.


Симнете ги брошурите со производи користејќи ги копчињата оддесно.