- Sofia  тел.контакти

почетна > хидроакумулатори

BolenzSchaefer

BOLENZ & SCHÄFER [Боленц и Шефер] е германска фирма која во 1952 година го открила клипниот хидроакумулатор. И до денес таа успешно ги брани своите водечки позиции во инженерингот, испораката и монтажата на опрема за енергетиката, металургијата и низа други области на индустријата. Во последните години гамата на производи се надополнува со специјализирана железничка хидраулика и конвертори на притисок. РЕЈА МП ДООЕЛ ги нуди следните производи:

  • Клипни хидроакумулатори
  • Клипна хидроакумулаторска опрема
  • Конвертори на притисок
  • Садови под притисок
  • Железничка хидраулика

BOLENZ & SCHÄFER е воспоставена во 1943 година во Дортмунд. Во фабриката за хидроакумулатори и акумулаторски станици во Екелсхаузен – Германија се вработени околу 100 лица.


Клипни хидроакумулатори на BOLENZ & SCHÄFER


Piston accumulators
  • Клипни акумулатори со капацитет од 1 до 1500 литри и опсег на притисок од 220 до 1200 bar.
  • Садовите под притисок со зафатнина - 50 литри и притисок 220 и 360 bar.
  • Специјални акумулатори за ниски температури од -40°С до +80°С и работен притисок 375 bar.
  • Комплетни акумулаторски станици, опремени со сиот потребен прибор и сигурносна опрема.
  • Хидраулика за железнички товарни вагони за рефусен материјал - хидрауличниот агрегат со клипен акумулатор на Bolenz & Schäfer се користи за отворање и затворање на бочните страни на вагоните.

Клипните акумулатори, специјалните акумулатори и акумулаторските станици на Bolenz & Schäfer се доставуваат со сите неопходни документи за прием и сертификати.



Примена на Клипните акумулатори во хидраулични системи

  • Како енергетски колектор кај системи со пулсации
  • За одржување на постојан притисок
    • во случај на истекнување
    • во случај на промена на волуменот предизвикана од температурни разлики
    • кај различна потрошувачка во хидрауличниот систем
  • Како енергетска резерва во случај на крајна нужда
  • За гаснење на пулсациите
  • Како бафер / амортизер
  • Како еластичен елемент
  • Како регенератор на енергија
  • Погодни за примена кај различни флуиди

Конструкција

Основните компоненти на Клипните акумулатори Bolenz & Schäfer се:
  • Леана цевка со прецизно обработена внатрешна површина и специјално третирана за постигнување на ниско триење и надежна работа во критични режими
  • Капаци за затворање, заптиени од двете страни со О-прстени и фиксирани со навојни прстени
  • Слободен клип со заптивен систем со три точки. Просторот меѓу заптивките е растоварен од притисок
  • Приклучна наставка со повратен вентил за полнење гас при работа без резервоар под притисок (не е потребен кога ќе се приклучува резервоар под притисок)

Начин на работа

Едната страна на клипниот акумулатор на Bolenz & Schäfer е наполнета со азот (N2), класа 4,0 до предпритисок р0. Клипот застанува близу до капакот за затворање од страната на течноста. Кога притисокот од страната на течноста ќе го надмине предпритисокот за околу 10%, клипот се оддалечува од капакот за затворање. Другата страна на клипниот акумулатор се полни со течност под притисок и гасот се компресира до максимален работен притисок р2. Количината на работниот течен флуид, акумулиран /„складиран“/ под притисок секогаш може да биде доведена во хидрауличниот систем за покривање на потребната потрошувачка во врвни моменти. Работниот притисок се намалува до р1.



Процес на работа, подесување и регулирање

Контрола на притисокот:
Со манометар или сензор за притисок со запис и екран. Во некои случаи тие имаат можност за ON/OFF контрола.

Регулирање на притисокот:
Притисокот се регулира со релеи за притисок, контактни манометри, преклопни вентили или подесливи пумпи.

Положба на клипот:
Местоположбата на клипот може да се контролира со преклопна полуга и/или дигитален управлив прекинувач или со оптички уред со можност за визуелизација. Создадениот нов систем КМЕ овозможува континуирано следење на местоположбата на клипот.
Различните положби на клипот /степени на оптоварување/ можат да бидат програмирани за менување на функциите. Податоците за големината на притисокот и положбата на клипот можат да бидат префрлени во централен процесор или контролер и да се користат за целите на работниот процес и подесување на системот.



Акумулаторски станици

Клипните хидроакумулатори на Bolenz & Schäfer се исклучително ефективни при употреба во комплет со погоден број боци со гас под притисок.
Користењето на предностите на прирабничките врски со цел постигање на висок проток при празнење на акумулаторот во врвни моменти има повеќенаменска примена.


Акумулаторска станица
  1. Акумулаторска станица на Bolenz & Schäfer за хидраулична преса со акумулатор во хоризонтална положба

  2. Акумулаторска станица на Bolenz & Schäfer, користена во системот за во случај на опасност на траектно пристаниште

  3. Акумулаторска станица на Bolenz & Schäfer, користена како компензатор при подводно крајбрежно бушење за нафта и гас

  4. Акумулаторска станица на Bolenz & Schäfer за леарска опрема



Примери нa примена

Нафтени и гасни платформи Нафтени и гасни платформи

Клипните акумулатори на Bolenz & Schäfer служат за резервно напојување во критични ситуации и во случај на хаварија. Тие се нудат со комплетни сертификати по барање на клиентот, како што се: DNV, Lloyd's според NS 5802, ASME или BS.

 
Електрични високонапонски прекинувачи Електрични високонапонски прекинувачи

Прекинувачки кола кои за милисекунди го изолираат краткиот спој и не дозволуваат повреда во случај на хаварија. Клипните акумулатори на Bolenz & Schäfer обезбедуваат напојување на тие прекинувачи при екстремни температурни и климатски услови.

 
Градски автобуси и камиони за смет Градски автобуси и камиони за смет

Клипните акумулатори на Bolenz & Schäfer лесна серија се користат за зачувување на енергијата, создадена при активирање на кочниците со што на превозното средство му овозможуваат убрзување од состојба на мирување до околу 50 км/ч, без напојување од моторот и со минимални емисии на издувни гасови.

 
Машини за леење во кокили Машини за леење во кокили

Акумулаторите се од исклучителна важност за постигање на неопходната брзина на леење од 8 - 10 м/сек при притисок 210 bar. Клипните акумулатори на Bolenz & Schäfer можат тоа да го вршат деноноќно при што им е потребно минимално одржување. Како пример може да се земат најголемите во светот машини за леење во кокила со моќност од 44 000 kN.

 
Хидраулични преси Хидраулични преси

За кратко време потребно е достигнување на голем проток при притисок 315 bar. Клипните акумулатори ги покриваат изненадните зголемувања на притисокот и ги компензираат загубите во системот. На сликата е прикажана преса со проток Qmax=9000 l/min за производство на плочи иверици. Опремена е со 8 акумулатори на ВSD, секој со капацитет на маслото 350 l и 8 резервоари под притисок, секој со зафатнина 1500 l N2.

 
Ливници Ливници

Големите протоци - до 4000 l/min при притисок 120 bar потребни за повеќекратно отворање и затворање на калапите и за управување на ејекторот се обезбедуваат од клипни акумулаторски станици.


Симнете ја брошурата со производи користејќи го копчето оддесно.