- Sofia  тел.контакти

 > почетна


Реја МП ДООЕЛ е водечки добавувач на хидраулични системи и опрема за контрола и автоматизација на индустриските процеси и застапник е на компании кои се лидери во својата област и уживаат беспрекорен углед. Како партнер на Eaton Corporation, Hauhinco Maschinenfabrik, Mahle Industrial Filtration, Bolenz & Schäfer, EPE Italiana, Universal Hydraulik, Pister, EMG Automation, Gradall, Rotork Remote Control , Willibrord Lösing Filtertechnik, ние нудиме исклучително широк спектар на производи коишто обезбедуваат надежност во работните процеси.

Без разлика дали од нас зависи изработката на мал механички детал или одвивањето на комплетен скап металуршки процес, ние секогаш со голема одговорност пристапуваме кон секој елемент од нашата работа - од анализата и проектирањето, па се до испораката, монтажата и одржувањто на индустриската опрема. Нашите висококвалитетни производи и услуги се дел од секое производство и стручњаците од сите области на индустријата високо ги ценат. Хидрауличните компоненти и системи, опремата за автоматизација на работните процеси, лабораториската техника и апаратура кои ги нудиме, се користат во рударството, енергетиката, химиската, фармацеутската и нафтната индустрија, обоената и црната металургија, металопреработувачката индустрија, машиноградбата.

Нашите производи и услуги вклучуваат:
За да се запознаете поблиску со производите и услугите кои ги нудиме, користете ги копчињата оддесно.