- Sofia  тел.контакти

почетна > separ филтри

Separ

Separ 2000 е филтер, наменет за издвојување на вода и механички нечистотии од дизел гориво. Новиот повеќестепенски центрифугален систем обезбедува 100% решение на проблемот со загадувањето на горивото.

Separ 2000 Separ 2000 нуди:
  • Компактен дизајн
  • Висока ефективност
  • Ниска хидраулична отпорност
  • Долготрајна експлоатација на филтерскиот елемент
  • Едноставна монтажа
  • Едноставно одржување

Separ 2000 е нова генерација на филтри за гориво.
Новиот филтер Separ 2000 е ефективен систем за издвојување на вода и механички нечистотии од горивото.
Присуството на такви нечистотии предизвикува брзо абење и оштетување на пумпите за гориво и дизните за вбризгување на гориво, што од своја страна ја намалува сигурноста и ги поскапува одржувањето и ремонтот.



Принцип на работа на SEPAR 2000
Процесот на издвојување на водата и филтрација се врши по нов, уникатен и патентиран метод кој се применува кај целата гама на производи. Намалените габаритни димензии при зачувани вредности на протокот се само некои од предностите на серијата SEPAR 2000.
Separ 2000 е наменет за монтажа од всисната страна на системот за гориво, меѓу резервоарот и пумпата за гориво. Горивото влегува во филтерот низ отвор А или В, во зависност од тоа кој од двата е поудобен за монтажа, при што отворот кој не се користи се затвора и заптива со специјална затка.

  1. Од влезот горивото поминува кон внатрешниот систем од плочи и настанува кружно движење.

  2. Горивото достигнува до филтрирачката комора каде што како резултат на центрифугално движење, водните и механички нечистотии (со димензии поголеми од 30 микрона) се насочуваат кон ѕидовите и се таложат на дното на комората.

  3. Во оваа фаза горивото мора да помине низ системот од плочи, лоциран од надворешната страна на основното тело. Поради различната должина на плочите и двојната брза промена на насоката на текот на горивото, помалите честички вода и механички примеси се залепуваат врз плочите. Тие налепи се натрупуваат и кога ќе станат доволно тешки паѓаат на дното на комората. Уште во оваа фаза поголемиот дел од нечистотиите во горивото веќе е издвоен.

  4. Точно под филтерскиот елемент, филтрирачката површина значително се зголемува, при што на тој начин се намалува протокот на горивото. Тој ефект на смирување го овозможува издвојувањето дури и на помалите честички вода и механички примеси, при што тие се залепуваат на внатрешната површина на телото на филтерот и од своја страна исто така се натрупуваат и формираат поголеми честички кои како резултат на гравитацијата паѓаат на дното на комората.
    Како резултат на опишаниот претходен процес на сепарација, поголемиот дел од водните и механички нечистотии во горивото доспеваат или во комората, или во внатрешната површина на филтерот, што повеќекратно го зголемува неговиот животен век.

  5. Заменливиот филтерски елемент дефинитивно ги филтрира останатите и механички примеси во горивото. Тие филтерски елементи се произведуваат од специјален филтерски материјал со различен степен на филтрација.
    Филтрираниот флуид излегува од филтерот низ излези С или D, при што отворот кој нема де се користи се затвора и заптива со специјална затка.


Процес на самочистење
Кај изгаснат мотор се отвора вентилот за обезвоздушување кој се наоѓа на капакот на филтерот (доколку резервоарот за гориво е сместен над горниот дел на Separ филтерот и има вентил за довод на гориво, тој треба да се затвори). Се отвора испусниот вентил поврзан на комората. Чистото гориво коешто се наоѓа меѓу капакот на филтерот и чистата страна на филтерскиот елемент, поминува обратно низ елементот и го промива неговиот филтерски материјал од натрупаните водни и механички нечистотии. Истовремено, сите нечистотии присутни во комората се одведуваат заедно со горивото кое истекнува од неа. По затворањето на испусниот вентил се отвора вентилот за довод на гориво и системот за гориво се наполнува. Вентилот за обезвоздушување се затвора и моторот може да биде вклучен.
Доколку моторот не успее да достигне максимални обрти, потребна е смена на елементот.



Монтажа на филтерот

Монтажата на Separ 2000 е исклучително едноставна за изведба и се врши од всисната страна на системот за гориво, меѓу резервоарот и пумпата за гориво.

  • Монтирајте го филтерот Separ 2000 на лесно достапно место. Ако веќе е монтиран филтер на всисната страна, тој треба да се отстрани

  • Телото на Separ 2000 има два влеза и два излеза кои овозможуваат различни монтажни положби

  • Најпогодната монтажна положба на филтерот е на височината на пумпата за гориво. Кога филтерот ќе се монтира пониско од нивото на резервоарот за гориво, пред него се вградува дополнителен топчест затворачки вентил кој го спречува истекувањето на гориво при замена на филтерскиот елемент

  • Кога филтерот ќе се монтира над нивото на резервоарот за гориво, исто така се препорачува вградување на дополнителен топчест затворачки вентил со цел спречување на истекувањето на гориво обратно кон резервоарот

  • Доколку нема доволен притисок на влезот на филтерот, потребно е да се отвори капакот и да се наполни со гориво, за да се олесни почетното вшмукување во системот

  • Избегнувајте ги наглите виткања под 90° и стеснувања на внатрешниот дијаметар на водовите за гориво, бидејќи тоа ја зголемува хидрауличната отпорност во системот

  • Користете само фитинзи со заптивки со О-прстен, а не завртки со отвори и бакарни прстени, бидејќи последните тешко се заптиваат и создаваат високи падови на притисокот

  • Над капакот на филтерот треба да се предвидат барем 60мм слободен простор, потребен при смена на филтерскиот елемент

Важно:
За чистење на пластичните комори треба да се користи само чисто дизел гориво, бидејќи некои материи за чистење можат да ја оштетат пластиката.


Основни карактеристики
  • Филтрите кои се нудат се за вредности на протокот од 1 до 260 л/мин – што го овозможува нивното користење за филтрирање на гориво кај мотори со моќност од 5 до 10 000 кw

  • Компактни димензии, две варијанти за влез и излез, едноставна монтажа
  • Висока ефективност на издвојувањето на водата од горивото (При спроведените испитувања согласно RTÜV не се докажа присуство на вода)

  • Продолжен животен век на филтерските елементи, благодарејќи на самочистечката функција со повратен тек

  • Филтрите Separ 2000 ги заштитуваат од абење и оштетувања пумпата за гориво и дизните за вбризгување на гориво

  • Едноставно одржување

Примена на филтерот
  • Автомобилска индустрија - камиони, автобуси, превозни средства
  • Градежни машини, компресори, земјоделски машини, вилушкари и др.
  • Бродски мотори - за таа цел се нудат променливи /switchable/ филтри. Допополнително може да се монтира индикатор за вода

  • Стационарни машини - електрогенератори, пумпни инсталации и опрема за заварување

  • Рударска индустрија
  • Достапни се и модели за специјална примена
  • За примена при ниски околни температури Separ 2000 се нуди со греен систем

Испитувања и сертификати
  • Rheinisch - Westfalischer TÜV
  • Kraftfahrt-Bundesamt Flensburg
  • German Technical Department for Army Ship and Marine Weapons
  • Germanischer Lloyd Type Approval Certificate
  • Lloyd Type Approval Certificate
  • Bureau Veritas Type Approval Certificate
  • RINA

Симнете ја брошурата со производи користејќи го копчето оддесно.